Фрижидери, кади, бојлери – дел од несовесните граѓани Охридското езеро си го гледаат како дива депонија

Силниот јужен ветар го разбранува езерото кое исфрли огромни количини тешко разградлив отпад по крајбрежјето и градскиот кеј.

Состојбата со Охридското езеро е алармантна,бранот ја исфрла на површина ниската свест и негрижата на локалното население кое во речните корита и езерските води исфрла не само пластика, туку дури и кабаст отпад кој со чамци го фрлаат и на поголема длабочина.Струите на Охридското езеро не се толку силни за да можат да однесат толку тешок отпад на голена длабочлина, вели Никола Паскали кој нуркајќи го чисти езерското дно.

 Изјава Никола Паскали-екологист:Фрижидер имаме на 16 метри длабочина а тоа  е оддалечено од брегот негде 500 мети.Трпејца има на пример еден бојлер што не го имаме уште извадено, тој е на 10-тина метри од брегот.Е,сега имаме ние една иницијатива тој бојлер сакаме да го пренамениме во скара да го направиме,за да не го депонираме по нашиве депонии, како што гледаме функционираме како во 16 век, ѓубрето се депонира и се пали.

Поради временските неприлоки, целото целото крајбрежје е послано со отпад, дури и кејот кој со денови коминалните служби не можат да го исчистат.Секодневно собираат по 10 метри кубни отпад само по кејот.

Количината на смет беше како резултат на измивање на самите речни корита, односно коритата на самите суводолоци,измивање на комуналниот отпад кој од страна на несовесни граѓани во текот на годината беше депониран во самите корита – изјави Стефчо Маслов – Ј-П „Комуналец“.

Сами си ја сечиме гранката на која седиме, вели Паскали, од миктропластилата која се фрла езерото не можеме да го исчистиме најмалку една деценија, а не збориваме колкава е штетноста на микропластиката која не е биоразгардлив матерјал. Покрај криматските промени на кои не можеме да влијаме, узупрацијата на крајбрежјето и фрлањето на отпад е погубно за Охридското езеро.

Многу е жално, ево и стручната фела биолозите велат ако се продолжи со ваквото управување на езерото, за помаку од 10 години ние ќе имаме само една обична хидроакумулација полна со вода значи ќе има зони со недостаток на кислород – изјави Никола Паскали – екологист.

Лани во месец март брегот од крајезерската населба Љубаништа па се до Свети Наум беше прекриен со купишта најразновиден отпад кој го донесе реката Черава која од соседна Албанија се влева во езерото.

Природата не ги исфрлила овие предмети, само се ослободила од нечистотијата, од она што не е нејзино,а е дело и производ на човекот.Сиот отпад има голем период на саморазградување и претставува огромна опасност за  водотеците-велат природонаучниците.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста