„Фридом хаус“: Македонија е хибриден режим со оценка тројка

Македонија се уште е во хибриден режим со оценка тројка според последниот  извештај „Нации во транзиција“на „Фридом хаус“. На скала од еден до седум, земјава е со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција, или Македонија не ја променила ланската позиција на ранг листата на „Фридом хаус“.

„Додека овие режими комбинираат елементи на демократија и авторитарно владеење, тие аналитички се разликуваат и од двете. Тие можеби се демократски во минимална смисла, дека имаат регуларни, конкурентни избори, но нивните нефункционални институции не се во состојба да ги испорачаат дефинитивните компоненти на либералната демократија: контроли и рамнотежи, владеење на правото и силна заштита на правата и слободите на сите“, стои во оценката на Фридом Хаус, што се однесува и на Македонија. 

Според „Фридом хаус“, овие режими можат да бидат демократски во минимална смисла, односно да имаат редовни, конкурентни избори, но нивните нефункционални институции „не се во состојба да ги испорачаат дефинитивните компоненти на либералната демократија: проверка и баланс, владеење на правото и цврста заштита на правата и слободите на сите“.

„Дефинитивно, ниту еден хибриден режим во регионот не успеа да ѝ пркоси на гравитацијата на сивата зона од 2002. Во овој период, Албанија, Северна Македонија и Србија флертуваа со либералната демократија, додека Ерменија и Молдавија издржаа авторитарни епизоди, но сите се вратија на хибриден режим до 2021 година“, оценува извештајот.

Од друга страна, „Фридом хаус“ вели дека тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ, и оти пишува невладината организација „Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и  Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста