Фреските во „Св.Софија“ оставени на немилост – конзерваторите алармираат итно да се реагира

Уништување на вредниот византиски фрескоживопис му се заканува на катедралната црква Св. Софија . Она што е останато е доста оштетено-алармираат конзерваторите.Наместо да притискаме да продолжат истражувањата на Света Софија, бидејќи таа е мистичност за православниот свет, а зборува за значењето на охридската архиепископија но и за Македонија од аспект на нејзиното опстојување-ние сега зборуваме за нејзиното уништување-додаваат експертите.

Проблемот се провлекува со години,но бидејќи никој со прст не мрднал,фрескоживописот сега е во многу лоша состојба.

Па фреските не се во добра состојба и во иднина треба да се размислува за нивна конзервација, или барем за почеток превенција, ама подобро е да се конзервираат, да не биде само нешто моментално да се реши.Но, ние во Македонија гледаме дека финасиската состојба на министерството што може да ги дозволи тие сретства е мала ,а е голем мега проект , а ние немаме и доволно кадри – вели Никола Патчев – конзерватор.

Во 2015-та година во Света Софија се постави подно, парно греење,кое според  експертите било потполно погрешно решение.

Патчев, кој уште лани изготвил извештај за Света Софија вели дека главната причина за лошата состојба на фресокоживописот, е влагата која се влече од основата. Од увидот кој што ги извршил повторно деновиве,воочил дека се оштетени  и вредните, мозаици на подот од  црквата кои се застаклени.

Не е влагата само што го оштетува, туку што се појавуваат тие мовови кои пуштаат киселини и можат да ги нагризат камчињата.Тоа е малку поголем проблем, а влагата генерално создава и соли кои што ги има во земјавата.Исто и солите можат да ги нагрзат камчињата и основата на која е поставен самиот мозаик – вели Никола Патчев – конзерватор.

Случајот со Света Софија потсетува на  една од назначајните цркви  Св .Богородица Перивлепта која поради негрижа беше неповратно уништена и се најде на листата на 100 најзагрозени споменици во светски рамки.Но,со грант на американската амбасада,се спаси фескоживописот  на Св.Богородица Перивлепта која има светска вредност.

Што се однесува до Св.Софија пак, малкумина знаат дека во неа е откриена многу вредна икона на Св.Климент –една од ретките во светот и оти на фрискоживописот е насликан св.Климент во молитвена положба.

Св.Софија последно е конзервирана во 1960-тата година и заслужува да биде приоритет на државата која никако да најде пари на нашето вредно културно наследство. Во ништо подобра состојба не е ниту манастирот Свети Наум, укажуваат конзерваторите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста