Фрчковски одбиен за амбасадорското место во САД?

 Фрчковски нема да биде амбасадор во Вашингтон, амбасадорското место во САД се уште останува празно и по речоси 3 години. Која е причината зошто Америка не го прима поранешниот министер не е позната.

Министерот за надворешни работи Османи рече името на Фрчковски никогаш не било јавно соопштено од министерството.  Во ниту еден момент, МНР не кажало дека тој е кандидат за амбасадор, или дека е отфрлен или прифатен, рече Османи.

Објавите во медиумите ги нарече шпекулација и покрај тоа што лично Фрчковски на неговиот фејсбук профил си споделуваше честитки по повод неговото номинирање.

И Заев вели дека никогаш јавно не било соопштено кој ќе замине во САД.

Информацијата дека Фрчкоски нема да замине за Вашингтон, прв ја објави, пратеникот – Антонио Милошоски.. Тој, на фејсбук напиша дека за ова, бил информиран и премиерот Заев.. Според Милошоски, причина за тоа, е – што Фрчкоски, не можел да добие безбедносен сертификат..

📌Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на строго доверливи информации на највисоко државно ниво

📌Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата-пишува Милошевски.

Од опозицијата велат дека Зоран Заев со номибацијата на Фрчковски направил дипломатски скандал и прашуваат дали сега власта ќе го вдоми Фрчковски како уставен судија или пак амбасадор во Белград.

Колку за потсетување ова не е единствен случај со недобивање на НАТО безбедносни сертификаи. Се уште ги немаат и министрите Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ.

Мери Ѓорѓиевска

Advertisements