ФРАНЦИЈА ВО ШОК: ШТО МОЖЕ ДА СЕ СТОРИ ПРОТИВ ПАРАЛЕЛНИТЕ ОПШТЕСТВА?

По бруталното убиство на професорот кој на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед, Франција планира да преземе засилени мерки против радикализацијата и да ја подобри безбедноста во училиштата. Ширум земјата се одржаа маршеви на солидарност. И пред бруталното убиство на професорот, Франција се борела со прашања околу исламистичката радикализација и паралелните општества. Убиството, ги поттикна граѓаните повеќе да размислуваат и да влијаат на властите за да се реши тој проблем. Сметаат дека потребата за акција се чини поважна од кога било.

Францускиот претседател Емануел Макрон се изјасни за итно спроведување на конкретни мерки против радикализираните групи. Вчеравечер беше одржан состанок на Националниот  совет за одбрана, на чело со Макрон, на кој присуствуваа и неколку министри како и обвинителот за борба против тероризмот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста