Францускиот премиер си даде оставка

Францускиот премиер Едуард Филип денес си даде оставка од  функцијата. Со тоа и официјално падна француската влада. Оставката доаѓа во рамките на планот за реконструкција на владата. Се наведува дека Филип функцијата ќе ја врши до избирањето на нов премиер и членови на владата. Оставката  всушност еден ден претходно беше најавена од претседателот на Франција, кога кажа дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде проследена со нов тим во владата. Едуар  Филип  беше на позицијата премиер на Франција до 15 мај 2027 година.