Фотографите и снимателите бараат државата да им помогне со субвенции за плати

Итна средба со преставници од власта бара Комората за фотографска и снимателска дејност. Најпогодената гранка е заборавена. Штетите се огромни откако во 2020 сите ангажмани во целост се откажаа.  Бараат и за нив да се обезбедат  субвенции на плати како што добија угостителите.

„Владата даде поддршка на стопанството , но даде линеарна поддршка. За фирмите коишто имаа 20-30% пад на работата исто зедоа субвенции на плата….Пo моја анализа што гледам во мојата фирма имаме околу 75% пад на работата„ -изјави Спасов.

Околу 15% од фото студијата и видео продукции во државата, ковид кризата ги стави во мирување. Поради ова голем дел од фирмите кои најчесто имаат од еден до пет вработени беа принудени  во изминатиот период да отпуштат работници.

„Само со отпуштање на еден вработен, бидејки во оваа криза сите имаме проблем со ликвидноста на компаниите, го изгубија правото за субвенции на плата или правото за учество во бескаматни кредити„- изјави Спасов. 

Комората ќе бара да и се дозволи издавање на лиценции со што ќе се спречи сивата економија во нивната гранка, но и да се овозможи фотографиите за лични документи да се прават кај нив, како што беше претходно.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста