ФОТО: Данијела Мартиновиќ се огласи по раскинувањето на врската со Петар Грашо

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пред извесно време ја прекинаа долгогодишната љубовна врска, што ја шокираше јавноста која со години ги сметаше за најскладен пар.

Парот кој беше 24 години заедно, не се огласи по повод овие натписи.

Сега Данијела, прв пат по веста за раскинувањето со Грашо, им се заблагодари на поддршка на обожавателите за нејзината нова песна насловена како „Љубовта не се откажува“.

-Дека љубовта навистина не се откажува, ми покажавте токму вие. Од кога излезе песната пред две недели,  постојано добивам пораки од вас со поддршка. Ви благодарам, напиша Данијела.