Фoндот за иновации како партиска каса на СДСМ и ДУИ: 60 фирми со фантомски проекти исцицале 3, 2 милиони евра
Параспур менаџмент преку фантомски проекти и компании блиски до власта на ДУИ и СДСМ злоупотребиле 3,2 милиони евра од државната каса во изминативе 5 години во Фондот за иновации.
Новото раководство на Фондот обвини дека 60 компании од градежништовото, информатиката, дигитализацијата како и уште 50 приватни здравствени установи цицале државен буџет преку проекти без да исполнат критериуми и тоа за време на Ковид пандемијата.
Незаконски си носеле правилници и делеле пари на луѓе блиски до власта.
Приватните здравствени установи со пари од Фондот набавувале медицинска опрема што ја нема во државните болници во период кога македнското здравство беше во колапс, инфомира директорот Никола Додов. Тој засега не открива детали околу злоупотребата на компаниите бидејќи ревизијата и истрагата сеуште се во тек. Најави присилни наплати и кривични за компаниите, но и за претходното раководство.
Два града од цела Македонија биле најиновативни односно исцицале најмногу пари. Од 110 компании опфатени со ревизијата за коишто постои сомнеж за финансиски злоуптреби, 40 завршиле таму. Директорот засега не откри за кои градови станува збор, но во иднина најави нови прес конференции со повеќе детали.
Директорот откри и дека близок родинина до гарнитурата СДСМ ДУИ бил управител на 5 фирми и за сите пет, добивал пари за идентични проекти. Меѓу другото расипничкото управување со Фондот ги опфаќа и ангжманите на 40 – тина фантом хонорарци кои со години цицале хонорар од 1000 евра месечно без да се појават на работа.
Откако правниот тим на Фондот ќе ја заврши истрагата и ревизијата за сите компании за кои постои сомнеж, на потег ќе биде Јавното обвинителство.
Криминалното и недомаќинско работење во Фондот не се огледува само во делењето на пари за сомнителни фирми и проекти, туку и во тоа што не се правеле ревизии, не се наплаќал дел од добивката што ја остварувале фирмите, како што налагале договорите. За неколку месеци новото раководство успеало да наплати 600 илјади евра заостанат долг.