„Фокус“: Дончев примал австралиски долари за консултантски услуги, спротивно на законот за судир на интереси

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, по налог на Обвинителството, бил предмет на истрага на Управата за Финансиско разузнавање, поради сомнеж за перење пари, пишува  неденикот „Фокус“. Истрагата  утврдила, дека Дончев, додека ја извршувал  директорската функција во Фондот, примил над 3 милиони денари , исплатени во австралиски долари. Средствата ги добил  по основ на плата, од приватна компанија во Македонија.. Информациите за дополнителните приходи на Дончев, „Фокус“ ги добил од добро упатени извори, кои имале увид во официјални документи. Според потврдени сознанија на весникот, Управата за финансиско разузнавање  го известила надлежниот Јавен обвинител , дека Дончев лани, во период од 6 месеци, примил околу 50 илјади евра од приватната компанија „Ре Маркет“. Проверките во централниот регистар покажуваат дека компанијата „Ре Маркет“ е основана во 2012 година со седиште во струмичкото село  Муртино, од каде што и потекнува Дончев. Притоа, Управата за финансиско разузнавање  утврдила дека сите приливи кон оваа компанија доаѓаат од австралиската фирма „Мегантик“, додека најголем дел од одливите кон физички лица, биле трансакции кон Дончев. Воедно, Управата го информирала Обвинителството дека Дончев, на две свои сметки уплатил 8.000 евра и 740.000 денари во готово, кои потоа биле трошени со картичка.

Иако во тоа време веќе бил директор на Фондот за здравство,  Дончев, средствата ги добил за консултантски услуги, што е забрането со оглед на неговата јавна функција.

Од антикорупциската комисија велат дека ќе отворат постапка за случајот, бидејќи јавен функционер не смее да остварува приходи врз основа на консултантски услуги.

Според Законот за спречување на корупција и судир на интереси, избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности.

Против Дончев има и кривична пријава од страна на бизнисменката сопственичка на „Диамед“, Вера Иванова, за случајот попознат за јавноста како „Рекет 2“ .

Според словенечки медиуми , Зоран Милески-Кичеец во името на директорот на Фондот за здравствeно осигурување од сопствениците на компанијата „Диамед” побарал 6 милиони евра, половина од парите кои оваа фирма ги добила од продажбата на на шведската компанија „Диаверум“.

Ден Дончев, екс директорот на Фондот за здравство пред една недела поднесе отставка , поради, како што наведе, семејни и здравствени причини.. Оставката експресно беше прифатена од страна на Владата.

Викторија Миткова

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста