ФК Вардар ги започна подготовките за новата сезона

ФК Вардар вчера попладне ги започна подготовките за новата сезона, на нив го немаше капитенот Филип Гачевски, а клубот подоцна, пред полноќ објави дека голманот си заминува. Гачевски тоа го најави пред два дена, па црвено црните само потврдија и, секако, му се заблагодарија за носечката улога во трите првенствени титули и при настапот во групната фаза од Лигата на Европа кои имаат печат на чуварот. За сега нема назнаки каде би одел Гачевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста