Финансиска полиција утрината упадна во домот на родителите на претеникот Јаулески

Четворица припадници на финасиската полиција утрово во 5.20 минути упаднале во домот на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО ДПМНЕ и два и пол часа вршеле претрес ,при што ги одзеле двата мобилни телефони на неговиот татко.

“Моите родители работат во Скопје, станот во кој што се вршеше претрес, е сопственост на мојата мајка и кога некој ви упаѓа дома в зори, секако дека ќе бидеме вознемирени”-вели Јаулески.Единствено ни кажаа дека постапуваат по налог на Кривичниот суд Скопје и дека се работи за некаква предистража постапка,додава тој.  

Позитивно правните прописи дали има или нема основ ќе се проверат,дури и да има основ симптоматично е што тоа се случува баш денеска кога се гласа недоверба на Владата.Ако ова е начин да извршат притисок врз мене , длабоко се лажат затоа што нема ништо на светов што би ме поколебало денес да се изгласа недоверба на Владата-вели Јован Јаулески-пратеник.

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ вели дека ова го чувствува како политички притисок и дека нема да потклекне на истиот.Инаку мајката на Јаулески работи во ФЗО, а неговиот татко во ЕВН Македонија.

Не знам дали е тоа случајно или не, но јас едно ќе Ви кажам дека ова се последните крици на режимот во заминување и дека денеска конечно ќе се стави крај на оваа хунта која што никогаш повеќе не смее да и се повтори на Македонија-вели Јован Јаулески-пратеник.

Финансова полиција упаѓа кај пратеници.Ова се последните злоупотреби на хибридите кои што ја девастираа државата-реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството-велат од финансиската полиција.

Инаку Јован Јаулески е од Струга, а ова е негов прв пратенички мандат.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста