Финале на Европско – најголем дел од граѓаните ќе навиваат за Италија, политичарите немаат фаворит

Англија или Италија – кој ќе биде европски шампион ќе се знае вечерва. Очите на јавноста денеска се стрикно насочени кон најважната споредна работа во светот фудбалот. Со нетрпение се очекува финалето на Европското првенство кое од трибините на култниот „Вембли“ ќе го следат 60.000 навивачи. Љубителите на спортот, жестоко ги бодрат своите миленици, но во мала предност во однос на фаворитската улога е „Гордиот албион“ поради фактот дека игра дома. Поголемиот дел од македонските политичари не откриваат кој ќе биде нивниот фаворит вечерва.

Претседателот Стево Пендаровски очекува да гледаме добар фудбал и нека победи подобрата екипа, стои во одговорот од Кабинетот на шефот на државата. Фер игра со што поголем број голови посакува собранискиот спикер, Талат Џафери.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го следи финалето без фаворит. – Нема да навивам за ниту една од репрезентациите бидејќи мојот фаворит Македонија не игра во финалето на европското – информираше Мицкоски.

Единствено портпаролот на партијата, Марија Митева јасно кажа дека вечерва ќе навива Италија да го подигне трофејот. Следењето на вечерашниот натпревар, вели, ќе биде интересен за неа бидејќи нејзиниот сопруг навива за спротивната селекција, Англија.

Од анкетираните граѓани пак, може да се заклучи дека фаворит е Италија.

Како што е познато, македонската репрезентација за прв пат учествуваше на европско првенство и благодарение на црвено-жолтите македонската химна згрме на грандиозната европска фудбалска сцена.

Адријана Алексиеска

Advertisements