Филипче со предлог план за намалување на мерките

Предлог план за намалување на мерките кој ќе се одвива во неколку фази, најави на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Предлогот е донесен од страна на комисијата за заразни болести, врз основа на повеќе параметри кои го овозможуваат овој чекор.

“Планот предвидува неделава да се отворат центрите за обука и семинари на возрасни, авто школи, спортски тренинзи на отворено, за индивидуани спортови, тенис, спортски обложувалници  без угостителски дејности и затворените трговски центри, односно моловите без угостителски дејности” – вели министерот и додава дека остануваат на сила задолженијата за социјална дистанца и заштитни маски.

Во текот на следните две недели ќе се пратат епидемиолошките анализи, и врз основа на тоа, следната недела ќе се предложи до Влада отворање на угостителските објекти, а недела после тоа и казината и останатите објекти за игри на среќа.

Предлогот на Комисијата, преку Министерството за здравство ќе биде доставен до Владата.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста