Филипче со оценка за 100 дена Влада: Власта била виновна што не ги прифаќа бугарските услови и уценувања

Филипче со оценка за 100 дена Влада: Власта била виновна што не ги прифаќа бугарските услови и уценувања

Владата била виновна што не ги прифаќа бугарските уцени и условувања, па поради тоа Албанија е одделена од пакетот со Македонија на патот кон ЕУ, вели по 100 дена нова македонска Влада, лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Тој не гледа никаква вина кај претходната власт, која Францускиот предлог го прифати без никакви конуслтации со опозицијата, туку гледа успех што спорот со Бугарија веќе не бил билатерален, туку станал европски услов на македонскиот пат кон ЕУ.

-Тој француски предлог е еден сплет на комплексни документи, во кој што влегува и преговарачката рамка, влегува и договорот за добрососедство. И тука нема ништо лошо, напротив тука има сериозна победа на нашата дипломатија, прво од билатерално прашањето со Бугарија се издигнува на дискусија со Европската Унија, изјави Филипче.

Според најновата анкета на Маркет вижн СДСМ е четврта политичка сила во Македонија со само 11 проценти поддршка. Сепак и покрај ваквите бројки, Филипче, за кој истата анкета покажува дека 30 проценти од граѓаните не ни знаат дека е лидер на СДСМ, е на ставот дека партијата се консолидирала и го имала избрано вистинскиот пат за идно делување.

-Силна опозиција е неопходна за демократијата, а СДСМ е единствената кредибилна и силна опозиција на актуелната власт. Околу тој факт дури и кај најскептичните во изминатите месеци веќе нема дилема. СДСМ имаше грешки во минатото, ние сме свесни за нив, отворено зборуваме за нив и се трудиме да научиме до нив, но СДСМ никогаш не направи грешка во однос на стратешките интереси на оваа држава, изјави Филипче.

Покрај обвинувањата дека новата власт го блокирала патот кон Европската Унија, Филипче обвини и дека не било исполнето ниту едно дадено ветување, токму на денот кога пензионерите почнаа да ја добиваат зголемената пензија за 2.500 денари, што токму беше и едно од ветувањата. Од СДСМ обвинија и дека паднала просечнатната плата, дека еден од ректите проекти на Владата бил финансискиот договор со Унгарија. Обвини и дека Владата не се грижела за цените за основните продукти кои ги купуваат граѓаните, во период кога Владата реши да замрзне 73 од нив, а се најавува итно носење и на законот за заштита на конкуренцијата, со што продавачите нема да можат да ги креваат драстично цените, што беше случај минативе години.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста