Филипче смета дека не 1 милион, туку 600 илјади вакцинирани се доволни за колективен имунитет

Македонија не е ниту на пола пат до постигнување на колективен имунитет до крајот на летото. Министерот Филипче верува дека тоа ќе се случи. Ама бројките на заразени, вакцинирани и заинтересирани за имунизација го покажуваат спротивното. Вкупниот број на луѓе кои можеби се имуни на опасниот вирус се околу 433.829. Додека за колективен имунитет во Македонија  е потребен минимум од еден милион граѓани кои го имаат поминато ковид-19 на природен начин или со вакцинација.

  • 155,627 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19
  • 278,202 – БРОЈ НА ВАКЦИНИРАНИ
  • 456,607 – БРОЈ НА ЛИЦА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА
  • вкупниот број: 890,436

Последните најави на министерот за здравство се дека долго очекуваните кинески вакцини на Синовак  кои одамна требаше да бидат во Македонија, ќе пристигнат до крајот на неделава, со што бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава ќе достигне околу 600 илјади.Според Филипче, ова ќе биде доволно за колективна имунизација до крајот на летото.

„Мислам дека до крајот на летото, голема бројка на граѓани ќе бидат вакцинирани. Во овој момент се вакцинирани нешто под 300.000 граѓани, со оваа следна количина што доаѓа уште 300.000 граѓани, тоа се 50% од вкупната популација која што планираме да се вакцинира. Тука се исклучени децата.До крајот на летото ќе се постигне процент на имунизирани за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет.” – изјави Филипче.

Нови поголеми количини на вакцини се очекуваат во  јули, третиот и четвртиот квартал. И тоа 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку Ковакс-системот. Инаку, во моментов се достапни  само околу 15.000 вакцини за аплицирање на прва доза.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста