Филипче не открива колку вакцини ќе стигнат во Февруари

Министерот за здравство Филипче крие колкава доза од вакцините на Фајзер договорил да стигнат во земјава. Вели количината ја знае, но од производителот добил молба да не зборува за конкретни бројки. Првите вакцини, преку директна набавка од „Фајзер“, треба да стигнат во Февруари.

„Не замолија од компанијата да не се објавуваат дозите инаку точно знаеме колку дози треба да стигнат во Фервуари, колку во месец Март и во Април. Имавме во континуитет, повеќе денови минатата недела разговори, телефонски и преку имејл со компанијата Фајзер и мислам дека е тоа политика која успеаа да ја имплементираат заради зголемување и на дел од новното производство“, рече Филипче.

Граѓаните пак скептични за вакцнирањето против Ковид 19. Велат вакцината била многу брзо произведена, без конкретни инфорамации како таа делува врз организмот и дали може да предизвика сериозни долгорочни здравствени проблеми.

„Немам проблеми никакви, зошто да се вакцинирам? Не знам таа превентивна вакцина ли ќе биде, каква ќе биде, не сум запознат“, вели граѓанин.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ беше првата анти ковид вакцина која доби зелено светло за употреба во САД и Европа.

Инаку, македонските власти се надеваат и на 833.000 вакцини кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот. Првата доза неофицијал но ќе биде дистрибуирана во март, а комплетната количина за која замјава уплати и аванс, ќе треба да се испорача во неколку наврати. Дополнително, здравствените власти во земјава добија ветување дека вакцини ќе добијат и од соседните Грција и Бугарија.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста