Филипче најави до 15 илјади вакцинации на ден, лекарите велат тоа е невозможно

Нерелани најави на власта за илјадиници што ќе се вакцинираат во периодот што следи или посакувани сценарија? Ги пресметаа ли добро здравствените власти своите можности и расположението на граѓаните за вакцинација за да настапат со бројка до 15 илјади боцкања дневно. Според лекарите планираното темпо на здравствените власти за т.н масовна вакцинација е невозможна.

Најважен предуслов за вакцинација – се вакцини…а ние ги немаме. Сега имаме 200.000 кинески, според пресметките ни се потребни некаде околу девет месеци со вакво некое темпо и константно секој ден да се вакцинираат околу шест илјади луѓе за да дојдеме до целосна вакцинација –што е нонсенс, нема да се сличи тоа.” – вели д-р Ненад Лазаров.

Имунизацијата е задоцнета и тоа е повеќе од јасно велат лекарите, а доказ за тоа е високиот број на смртни случаи како последица од ковид 19.

Не касниме, него дебакл ни се случува. Четврти или петти сме на светската листа на непотребни смртни случаи.Тоа се пресметува со просек на минатите пет години на смртни случаи и ексесот на вишокот смртни слуачи не рангира на 5то место во светот.Против тие факти богови можат да молчат а нашите не молчат.Јас не очекувам друго, освен природата да не спаси.” – вели д-р Лазаров.

Спорото темпо на вакцинација меѓудругото се должи и на закажувањето термини преку матичните лекари. Според д-р Лазаров матичните лекари можеле да се вклучат во вакцинирањето и тие да боцкаат наместо да закажуваат термини.

“Гледаме примери каде што наместо да закажуваат матичните за вакцинација, се обезбедува наичин и систем кај што они вакцинираат.Наместо да доаѓате пет пати и 25 пати да се слушаме преку телефон ќе дојдете ќе ве вакцинирам и ќе завршиме со тоа.” – вели д-р Лазаров.

Досега се вакцинирани околу 31.600 лица, а за вакцинација се пријавиле 218.577 граѓани.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста