});

Филипче купува време – нема одговор како и зошто почина родилката во Штип

Секоја недела нов рок. Министерот за здравство вели дека во текот на наредните 7 дена ќе се откријат причините за смртта на родилката во Штип. Сега проблем биле годишните одмори на лекарите кои членуваат во комисијата.

Минатата недела се чекаше на обдуцкиот налог.

Родилката имала уредна бременост и се породила природно. На свет донела здраво момченце, ѝ било првата рожба.

Според досегашните информации, компликацијата со крварење настанала по породувањето, а првична дијагноза била атонија или состојба кога матката по породувањето не се стега и не може да се сопре крварењето, поради што лекарите ѝ ја отстраниле матката. Родилката наредниот ден почина.

Ваквата состојба најчесто се јавува кај трето ротки или жени кои имале царски рез, а причина може да биде и заборавено парче од постелката. Фатален крај може да има доколку нема навремена реакција по настанатото крварење.