Филипче и ги спушти локалните авторитети на Арифи – Општината не одлучува дали ќе има задолжителни тестови за невакцинираните наставници

Локалните авторитети на кои се потпре вчера тетовската градоначалничка Теута Арифи, кога категорично изјави дека ќе се бара негативен тест на своја сметка,секој трет ден од секој вработен во образовниот процес кој не е вакциниран,се чини не биле доволни и одлучувачки.Министерот за здравство Венко Филипче,по денешната средба со Арифи,рече дека за вакви барања на општинските кризни штабови,сепак последниуот збор го има Комисијата и Министерството.

Остри реакции и во СОНК.Изјавата на Арифи е велат избрзана и несериозна. Реагираат дека ова е еден вид притисок,кој не смее да се дозволи.

Инаку, откако вчера тетовскиот кризен штаб побара од надлежните на три недели да го одложат почетокот на учебната година со физичко присуство, денеска е одлучено,само средните училишта да започнат онлајн и тоа првите две недели, па потоа ќе се одлучувало како понатаму. Основците пак, ќе следат настава со физичко присуство.Оваа одлука се однесува за училиштата во Тетово и Гостивар,рече Филипче,поради притисокот врз болниците во овие два градови.Тој и натаму тврди дека состојбата е под контрола, а според него бројките полека опаѓале.Но,тоа не го вели и дневната статистика за тетовската болница.Последните 24 часа има 14 нови приеми,6 починати пациенти и поторно близу 200 амбулантски прегледи.Лекарите постојано бараат мерки па дури и катрантин,но надлежните не попуштаат. Ударот е повторно кај учениците и целиот хаос токму на нивна штета.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста