Филипче допрва ќе проценува дали ни е потребна руската вакцина

Националниот комитет за имунизација во Македонија молчи на прашањето на Алфа зошто Македонија не ги набавува руските вакцини. Иако од Руската Амбасада во земјава, велат дека на 25-ти септември испратиле понуда за набавка на “Суптник В” и  била информирана претседателката на комитетот проф. Александра Грозданова. Потоа и на 15-ти февруари добила писмо од рускиот фонд за инвестиции,  но немало ништо повратно.

Во меѓувреме министерот за здравство Филипче вели ќе се направи проценка дали треба да се набави руската вакцина.

„Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се набавуваат и други вакцини освен „Фајзер“.

Премиерот Заев и денеска го повтори ставот дека при планирањето на набавката се води грижа да не се дојде до преголема количина и дури ја зголеми бројката од 3 милиони на 5 милиони.

Ако продолжиме да порачаме од Спутник, следна АстраЗенека, па нови количини од Фрајзер… ќе се затекнеме да имаме 5 милиони вакцини во државата, а тоа е недозволиво заради наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори, толку колку што сме имале потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните. Ако се откаже дел од нарачката, тогаш сигурно следни ќе бидат Спутник вакцинитеистакна денеска премиерот Заев.

Инаку, Македонијазасега единствените вакцини со кои располага се оние кои ги добивме од Србија 4.680 вакцини на Фајзер. Пола веќе ги потрошивме.  Следната недела ги чекаме останатите од нашиот сосед, но и  властите се надеваат на оние од Кина – 200.000. Се уште се чека договорот за директна набавка од Фајзер и не се знае кога ќе стигнат. Надеж има и за оние преку Ковакс. Според најавите треба да стигнат во март, но гаранции нема.

И додека македонските власти не одговараат на понудите од Русија и оперираат со бројки, Русите одобрија и трета вакцина „КовиВак“ се дава во две дози во временски период од 14 дена. Се транспортира и се чува на нормална температура на ладилник од два до осум степени. Вакцината допрва ќе се испитува, а ќе почне да се произведува во текот на идниот месец.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста