ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ ЈА ПОДИГА ФОРМАТА ПРЕД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Филип Кузмановски ја подига формата во вистинско време, на 40-тина дена пред учеството на Македонија на Европското ракометно првенство. Нашиот репрезентативен среден бек даде 4 гола во триумфот на неговиот Хановер со Либек од 20-17 во Бундес лигата, а особено важни беа последните два кои се покажаа решавачки. Во истовреме на терен по повредата се врати и Филип Миркуловски кој беше дел од Венцлар во победата над Мелзунген со 31-28.

Advertisements