Бројките на починати растат, комисијата допрва ќе анализира – Македонија лидер во регионот по смртност

Високите бројки на починати и заразени со корона вирус во земјава станаа секојдневие а надлежните допрва ќе утврдуваат на што се должи тоа. Само во последните седум дена, битката ја загубија 41 пациент, а меѓу нив за жал имаше и млади лица. Денеска шест пациенти им подлегнаа на симптомите на Ковид 19 – министерот за здравство Венко Филипче признава дека бројките се загрижувачи но според него, не грешиме никаде.

Земјава урива црни рекорди – во регионот Македонија е на неславното прво место по бројот на починати на милион жители, и на 21 место од 200 земји во светот кои се соочуваат со пандемијата.  Светскиот просек на пациенти кои подлегнаа на симптомите на Ковид 19 е 120 починати на милион жители, а земјава со 327 починати, го надминува за 2,6 пати.

Анализите на епидемиолошката состојба во земјава се во тек – првиот човек на здравството најави дека најдоцна до понеделник ќе се знаат причините за повторниот пораст на заразени и починати. Тој не ја исклучува исклучува можноста за преземање порадикални чекори и враќање на рестриктивните мерки.

Комисијата за заразни болести викендов ќе ја разгледува и можноста за целодневна настава во училиштата, а одлуката за градинките останува на сила, оти како што вели Министерот, веќе се развиени алгоритми како ќе се постапува доколку дете се дијагностицира со Ковид 19.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста