Филаделфија е нов лидер на Исток, Харден со троен ефект против „своите“!

Во дербито на вечерта, Филаделфија по голема борба и едно продолжение го совлада Западниот лидер Јута со 131-123, и стана најдобриот тим на Истокот со 24 победи и 12 порази. Најистакнато име на мечот беше Џоел Ембид со 40 поени и 19 скока. Бруклин останува втор на Истокот и покрај триумфот над Хјустон со 123-114. Најзаслужен за десетата победа на последните 11 средби беше Џејмс Харден, со осми трипл-дабл сезонава против поранешната екипа, која го претпе 13-тиот пораз во низа. Лејкерс во отсуство на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис загуби кај Сакраменто со 123-120. Домашни победи остварија Далас и Портланд, а на гостински терен се радуваа уште и Индијана, Детроит, Шарлот, Чикаго и Атланта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста