Фигел за Алфа: Состојбата на Камчев е животнозагорзувачка, тој е политички затвореник

  • Господине Фигел, се видовте со бизнисменот Орце Камчев, во какви услови се наоѓа, и каква му е здравствената состојба во моментов?
  • Драго ми е што можев да го посетам Јордан Камчев, бидејќи тој заслужува похуман третман; на почетокот, во март кога беше задржан во притвор тоа беше нехуман, деградирачки третман кој ќе можеме да го означиме како тортура, 5 дена без вода е многу опасен и нехумен третман. Сега мислам дека е подобро, но како петто-осомничен, не прв, не втор, тој може праведно да биде третиран, во домашен притвор или по платена кауција како другите во случајот. Мислам дека заслужува еднаков третман, a во врска со здравствената грижа, има јасен извештај од кардиолози од Австрија, Словенија и Македонија за сериозноста на неговата срцева болест. Мислам дека тој заслужува подобри услови бидејќи тој може да умре во притвор и тоа би било скандалозно. Неговиот татко починал од срцев удар на состанок. Овој човек е болен, потребен му е подобар третман, вели во интервју за Алфа, поранешниот еврокомесар за човекови права, Јан Фигел.
  • Адвокатите и самиот Камчев тврдат дека случајот со него е политичка одмазда. Имате такви сознанија, што ќе преземете Вие?
  • Во пост комунистичките земји, јас сум од Словачка, поранешна Чехословачка, има голема поврзаност помеѓу судството и политиката, се уште постои недостаток на разграничување на власта – законодавна, извршна и судска. Тоа значи, возможно е да има некои влијанија, но тука, не знам детали, но знам дека доказот е базиран на белешка од тајната служба. Тоа не е доволно. Во нормална, стандардна демократија, тајните служби не постојат за да ги заплашуваат луѓето. И доказите мора да се фактички, допирливи и конкретни. Не лажни или фабрикувани. Потоа, третманот на г-дин Камчев е многу специфичен и деградирачки. Неговиот притвор се продолжува и се продолжува и се продолжува. Се поставува прашањето зошто, тој може да се брани од слобода, или да биде во домашен притвор, вели Јан Фигел.
  • Министерството за правда плати огромна сума пари на обвинителтвото со цел да помогне во експертизата во случајот „Империја“, тоа е врска меѓу два вида на власт – извршната власт која е политичка и судската која не е политичка, и секако постојат и други прашања на пример случајот „Рекет“ – каде што поранешниот обивнител г-ѓа Лиле Стефановска беше инволвирана во системот на специјалното јавно обивнителство а сега е одговорна за случајот на г-дин Камчев. Можеби постои пристрасност против г-дин Камчев. Значи сите сомневања и прашања сериозно го отвораат прашањето за политизација и политичко влијание и треба да се избегнуваат. Владеењето на правото и заштитата на човековите права е почеток на секоја европска дебата за иднината на Македонија, вели Јан Фигел.
  • Минатиот пат да не интервениравте преку Вархеји немаше да влезете, дали ова ви зборува дека Македонија е држава во која владее правото?
  • Значи, тоа е задолжително, нешто што не е важно само за Европската Унија, Брисел и за официјалните преставници таму, туку за земјата тука, за луѓето кои живеаат во Скопје и целата земја. Би рекол дека ситуацијата има и посилни и послаби страни, „за“ и „против“, постојат слабости кои се евидентни, објективни. На пример, извештајот на Европската Комисија за превенција на тортура кој е многу критичен во врска со ситуацијата во македонските затвори. Би го споменал и застрашувачкиот извештај од Народниот правобранител од март годинава, за затворот Шутка. Во извештајот има многу критики, фокусиран е на тортурата, нечовечкиот и деградирачки однос, додава Фигел.
  • Тоа се пораките за вашата домашна задача, за прашања кои треба да ги подобрите, а ние можеме да помогнеме. Јас сум тука како пријател, јас можам и сакам да и помогнам на оваа земја со европското искуство, со некои препораки, и на пример дипломатијата на Словачка, силно го поддржува случајот на Северна Македонија, да биде поканета на преговорите за приклучување во европското членство. Значи имате пријатели, но некои прашања претставуваат домашна задача, која мора да ја сработите тука, дома, завршува Јан Фигел.

Со екс еврокомесарот Јан Фигел, разговараше Борис Грујоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста