ФИА ќе му прости на Хамилтон за натписот на маицата во Тоскана

Меѓународната автомобилистичка федерација ќе му „прогледа низ прсти“ на Луис Хамилтон за маицата со натпис „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“, носена за време на Големата награда на Тоскана. Иако ФИА најави истрага, сепак истата е прекината. Британецот е доста активен во борбата против расизмот во последните месеци, што беше поттик и за многу тимови и Ф1 возачи да се приклучат на каузата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста