ФФМ со нова премија од 40.000 евра, фудбалерите ја одбиваат!

И покрај поразот во Букурешт (3:2), ФФМ одлучи да го награди А-тимот со премија од 40 илјади евра. Ова е прв пример во историјата на мак-фудбалот да се додели награда за неуспех, но за претседателот Сејдини ова е мотив плус за подобра игра во продолжението од мундијалскиот циклус. Не помина долго, во јавноста се огласи и капитенот Горан Пандев со изјава за спортскиот портал, МАКФУДБАЛ, во која заеднички со сите репрезентативци ја одбиваат премијата, како што вели не ја заслужиле за пораз, ја оставаат да се подели на Управниот одбор. Ваквата вест на соц. мрежи ја шират речиси сите репрезентативци, што јасно ја отсликува атмосферата на реалација федерација- фудбалери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста