Фудбалската федерација на Македонија доби 1.5 милиони долари од солидарниот фонд на ФИФА која за помош на националните федерации одвои дури една и пол милијарда долари. Две третини од средствата се за поткрепување на последиците од пандемијата на коронавирусот, а другите се за женскиот фудбал. Според ковид планот на Светската фудбалска организација ФФМ може да повлече и други средства во зависност од потребите, и тоа во висина од 500 илјади до пет милиони долари.