Фетаи сама против себе – Анализа: Специјалните обвинители треба да бидат суспендирани или да дадат оставки

Погазени начела и принципи на совесност, одговорност и коректност. Јавноста запрепастена а експертите убедени дека специјалните обвинители со земањето на енормни бонуси, тешки десетици илјади евра направиле свесно злоупотребување на законот, поради што треба веднаш да поднесат оставки или пак да бидат суспендирани.

-Значи максималната плата на Катица Јанева можела да биде 90 илјади денари со се сите надоместоци, а максималната плата на другите обвинители да биде 76 илјади денари. Тие треба веднаш да си поднесат оставка и да ги вратат парите назад и да не ја бламираат македонската јавност, бидејќи ова што се случува е срамота. Ваквото садистичко однесување од страна на СЈО со парите од државните обврзници не е дозволено. Значи постои мотив според кој тие го избегнувале законот. Јасен е законот. Имено, после овој скандал јас очекувам дека веднаш специјалните јавни обвинители треба да си поднесат оставки, а доколку тоа не се случи потребно е јавниот обвинител на РМ веднаш да ги суспендира овие обвинители, изјави адвокатот Тони Менкиноски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

По вчерашната изјава на обвинителката Фетаи дека екстра приходите кои таа и нејзините колеги ги добивале, а во просек изнесувале 22 илјади евра, во јавноста се појави потсетување дека токму таа водеше истрага за измама од страна на пратеничка која земала екстра пари од Собранието.

Професорот Гордан Калајџиев пак, потсетува дека надоместокот за доверливост не може да биде оправдување за енормните суми од 22 илјади евра на годишно ниво и додава дека Јанева бонусите ги делела без правилник и практично од ракав, односно онака како што таа самата сметала дека е исправно.

Драган Милосављевиќ

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста