Фетаи и Нанев не поздравија од Порто- судијата со порака: Живеј го животот и љубовта кон него

Фатиме Фетаи и Лазар Нанев со поздрав од Порто. Поранешната специјална обвинителка и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, во живо ќе го следат и историскиот натпревар против Португалија.

На прашањето на Алфа дали користеле денови од одмор, за патувањето во Палермо, од двајцата добивме поздрав од Порто. Фатиме Фетаи кратко ни одговори да, додека пак Нанев во поетски стил не ни одговори на прашањето- дали користел денови од годишен одмор.

-Живеј го животот и љубовта кон него, патриотизмот кон сопствената нација Македонија и кон спортските успеси немаат граница ниту километри. Спортот и Македонија се сакаат со љубов, а не омраза. Респектот, мирот, бон тон се основните мотиви на просперитетот. Да победуваме и да се радуваме. Македонија се сака со љубов, поздрав од Порто, ни пиша Нанев преку СМС порака.

За разлика од Палермо, Нанев и Фетаи, во Порто ќе бидат без друштвото на министерот за правда Никола Тупанчески, кој кажа дека овој меч ќе го следи во  Скопје. Тој потенцираше и дека бил шокиран што бил прозван од Антикорупциска, бидејќи не била слушната неговата страна.

-Јас не патував службено не патував во рамките на своите службени должности и втората компонента кој ги плати трошоците? Ги платив јас од моја трансакциска сметка. Агенцијата која што го организира патувањето, од моја трансакциска сметка легнаа парите. (БЕВТЕ ИЗНАНЕДЕН КОГА ВЕ ПРОЗВА ДКСК) Јас морам да направам градација не бев изненаден, шокиран бев. Зошто го велам ова, затоа што јас навистина имам коректен однос со многу луѓе тука во Македонија како професор и очекував дека барем ќе биде слушната другата страна, изјави Тупанчески.

Инаку, според информациите на Алфа на мечот против Италија присутни биле и Владо Бучковски, Рамиз Мерко и поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески. Од доскорешниот специјален преговарач со Бугарија, со фотографија добивме потврда дека присуствувал на натпреварот, но не добивме одговор дали сам го платил патувањето во Палермо. Од Рамиз Мерко и Бакрачески пак не добивме никаков одговор. Претходно Фетаи соопшти дека сама си го платила патувањето во Италија, додека пак останува непознато како отишол Лазар Нанев, кој е делегат на ФФМ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста