Фемицид, наместо свирепо убиство – Националната мрежа „Глас против насилство„бараат најстроги касни за убиецот од Кочани

Фемицид, наместо свирепо убиство – Националната мрежа „Глас против насилство„бараат најстроги касни за убиецот од Кочани

Фемицид, наместо свирепо убиство-Националната мрежа „Глас против насилство„ но и други граѓански организации цврсто остануват на ставот дека убиството на 46годишната кочанчанка е лишување од живот при вршење на родово-базирано насилство. Казната и за двете дела е иста, објаснуват од Мрежата, но со ваквото квалификување ќе се добие јасна бројка, а и ќе се покаже рефлексијата на реалностакај нас  во која живеат жените. Од минатата година фемицидот е инкриминиран, а затворските казни се движат од 10години до доживотен затвор.

„ Кога веќе го изменивме Кривичниот законик, апелиравме уште тогаш во ОЈО во самата предистражна постапка да го класифицира делото од свиреп и подмолен начин, да го прекфалификува, односно да ја примени оваа одредба за да се препознае фемицидот како еден од најтежок облик за свирепо насилство врз една жена што може да се случи„ изјави Ана Аврамоска од Националната мрежа„Глас против насилство„.

Само 2% од насилството се пријавува. Стравот и недоверба кон системот се причина за голем дел од жртвите да молчат за тортурата и агонијата со која се соочуваат. Друг клучен фактор е несоодветно направена проценка на ризик од страна на институциите. Таков беше случајот со убиството  жената од Кочани, која седум години живеела под психичка тортура.  Кога пријавила, полицијата  не неправила проценка за ризик по живот, бидејќи пријавата од жртвата  била за уцена и немало докази кои упатувале на физичка опасност.

Сепак од Националната мрежа нагласуваат, дека во изминатиот период има мало унапредуваање во итноста на постапување на судот кај овие предмети .

„Препознавањето и постапувањето е едно од клучните работи за да ја вратиме довербата кај сите жени кои се жртви на која и да било форма на семејно-родово насилство. И овде не мислам само за физичкото, како една од формите која е најлесно препознатлива, туку психолошко, сексуалното, економското насилство. Да започнат да ги пријавуваат случаите што им се случуваат„ изјави Ана Аврамоска од Националната мрежа „Глас против насилство„.

Фемицидот преставува најтешка форма на насилство врз жената, само затоа што е жена. Според анализите од 2019 година заклучно со лани, регистрирани се 21 фемицид. Најмногу последните две години, по шест. Во најголем дел од случаите сторителот на грозоморниот чин е интимен партнер  или роднина. Извршени се со ладно оружје, најчесто во домовите на жртвите.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста