Фекалии течат низ селото Пишица – жителите бараат решение за проблемот

Неподонослива мирзба од запушена шахта, веќе втор месец ги терориза жителите на село Пишица, Пробиштип. Поради тоа што дел од канализацијата е запушена, фекалии течат во селото. Реагираат, затоа што во време кога сите зборуваат за зголемена хигиена, тие живеат до отворена шахта.

Со селскиот водовод и канализација стопанисува месната заедница. Во изминатите два месеци неколкупати регирале и до градоначалникот и до комуналното претпријатие во Пробиштип, но одговор на нивните молби не добиле.

Запушената шахта е стар проблем, информираат од Комуналното претпријатие во Пробиштип. Досега на два пати пробале да ја отпушат, но неуспешно. Најавија дека нивна екипа повторно ќе испратат на терен. Откако како медиум реагиравме, решение на проблемот веднаш понудија и од локалната самоуправа. Градоначалникот Драган Атанасовски вети од понеделник, доколку дозволуват временските услови ќе се стартува со реконструкција на проблематичниот крак од канализационата мрежа.

Овде логично би се поставило прашање зарем во 21 век, во време на корона вирус медиумите треба да реагираат за да се санираат истекување на фекалии.

Мештаните на село Пишица најавија и евентуални протести доколку надлежните и понатаму останат глуви на нивниот проблем.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста