Фејсбук казнет поради откривање податоци на 87 милиони корисници

Британскиот застапник за заштита на личните податоци ја казни денеска американската компанија Фејсбук со 500.000 фунти поради скандалот со Кембриџ аналитика.

Фејсбук е казнет поради кршењето на законите за заштита на податоците, затоа што не ја оневозможил фирмата Кембриџ аналитика да дојде до информации од профили на корисниците на та социјална мрежа.

Потврдувајќи ја казната донесена во јули, Канцеларијата на застапникот соопшти дека податоците дека од најмалку милион британски корисници се нашле меѓу податоците кои ги собирала Кембриџ аналитика и дека тие се користени во политички цели.

Тој скандал ја загрози репутацијата на Фејсбук, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот на САД за податоците кои компанијата ги направи достапни за трети лица.

Фејсбук порано соопшти дека британската компанија Кембриџ аналитика, која го советуваше американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања во 2016-та година, дошла до податоци на 87 милиони корисници.