Федерер во петтиот обид на Олимписките игри ќе се обиде да стигне до златниот медал

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер, на голема радост на фановите во Јапонија го потврди учеството на летните Олимписки игри кои ќе се одржат следното лето во Токио.

Швајцарецот, има сребро во синглови во Лондон 2012 и злато во двојки со Станислас Вавринк од Пекинг 2008 година. Единствено нешто што му фали во богатата кариера е златното одличје во сингл конкренција што се чини за популарниот Федекс е голем мотив.

„После долг разговор со мојот тим, ја донесов одлуката да настапам на Олимписките игри.  Моето срце реши дека сака да биде дел од најголемиот спортски настан на светото“ -рече Федерер .

Сепак, за да може да игра, тој ќе мора да побара посебна дозвола, бидејќи во последните неколку сезони нема играно на натпреварите во Дејвис купот, што е потребно од играчите да можат да учествуваат во Игрите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста