ФЕДЕРЕР СЕ ОТКАЖА ОД АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ВАЈЛД КАРТА ЗА МАРЕЈ


Роџер Федерер ќе го пропушти и првиот Грен слем турнир во новата година, Австралија опен. Ова го потврди неговиот агент, Тони Годсик, кој најави негово враќање по турнирот во Мелбурн, кој за прв пат ќе се игра од 8ми до 21ви февруари. Швајцарецот годинава имаше две операции на десното колено, што беше причина за пропуст на целата сезона. Моментално е во тренажен процес и се подготвува во Дубаи. Враќање на елитниот тенис ќе има Енди Мареј и тоа со вајлд карта ќе учествува на Австралија опен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста