Фатон Aхмети, актуелниот генерален секретар на ДУИ е најсериозен кандидат да стане првиот премиер Албанец

Фатон Aхмети, актуелниот генерален секретар на ДУИ е најсериозен кандидат да стане првиот премиер Албанец

Професори, политичари, роднини на Ахмети, роднини на екс градоначалници, вака отприлика изгледа листата на потенцијални каднидати за технички премиер на Македонија,кој треба да биде предложен од ДУИ. Во недостаток на официјални инфоирмации се повеќе се загреваат шпекулациите кој ќе биде на местото на Ковачевски во последните 100 дена од Владата.

Едно од имињата, кое е во потесниот круг, според информации на Алфа, е токму името на поранешниот дирктор на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети. Фатон летоска ја напушти функцијата на ФЗОM без да наведе конкретна причина и кажа дека ќе се посвети на партијата и на работа за неговиот партиски лидер Ахмети. Фатон Ахмети воедно е и генерален секретар на интегративците. Тој кога ја напушти директорската фотеља напиша:

„Секоја задача има свој почеток и свој крај. Денеска објавувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на ФЗОМ. Ви благодариме за плодната поддршка и соработка во овој период. Со сета почит, Фатон Ахмети…“.

Како потенцијални имиња се вртеа и името на шефот на дипломатијата, Османи, како и името на првиот вицепремиер Груби, сепак тие ги демантираа шпекулациите. Груби кога ја отфрли можноста за да седне на местото на Ковачевски во Пржинската влада, најави дека можеби, технички премиер ќе биде жена.

По оваа изјава а Груби, уште повеќе се зголемија гласините, дека можеби жената за која зборува Груби е токму Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа; –судија во Врховниот суд. Дека нејзиното име е навистина во игра зборува и фактот дека таа добро котира и во круговите во СДСМ, а воедно таа беше и еден од пишувачите, односно авторите на уставни измени.

Од потенцијалните каднидати од кои Ахмети треба да избере, е и името на актуелниот министер за финансии Фатмир Бесими, но сепак тој е подолу на листата.

На прво место е Фатон Ахмети, а веднаш по него, доктор чие име сеуште не се знае, но познато е дека бил реномиран лекар ортопед кој работи во Австрија.

Имието на Битиќи беше отфрлено, иако и за него имаше шпекулации, Груби стави крај на истите, потенцирајќи дека техничкиот премиер треба да биде избор на ДУИ и Ахмети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста