ФАТИ ГО УРНА РЕКОРДОТ НА РАУЛ ЗА НАЈМЛАД СТРЕЛЕЦ НА „ЕЛ КЛАСИКО“

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати стана најмладиот стрелец на гол во популарното „Ел класико“. Со само 17 години и 359 дена го урна рекордот на легендарниот Раул, кој стрелаше прецизно на 18 години и 95 дена, и тоа пред 25 години. Фати го постигна јубилејниот 400. гол за Барса во дерби дуелите со Реал. Таквиот јубилеј за „кралевите“ на времето го постави Кристијано Роналдо.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста