Факултетот за Туризам станува препознатлив на гастономски план, но итно е потребна помош од државата

Во услови кога стожерот на туризмологијата-охридскиот факултет за туризам, кој 5 децении продуцирал кадри, годишно запишувајќи и по 800 студенти, сега од петни жили се обудува да ги задржи и мотивира идните академски граѓани-државата мора да и помогне на оваа образовна иституција,велат професорите. До пред некое време гастономијата како студиска програма беше скоро пред замирање затоа што немаше интерес од гледна точна на наставен кадар да го продолжи делото на плејада професори-велат професорите .

Во ова време кога навистина уписот на студенти е драстично опаднат, кога туризмот и гастрономијата се студираат на многу други институции во државата, во минимум 5 дополнителни институции има вакви студиски програми, веќе се соочуваме со една нелојална конкуренција. И неодамна се случија такви нешта што еден добар дел,огромен дел од нашите потенцијални студенти беа лоцирани на повеќе други места низ државата – вели проф. д-р Климент Наумов – ФТУ.

И во едно ваков турболетни време,победата на 3-цата студенти од прва година кои во Истанбул на меѓународен натпревар за гастрономија ја собраа највисоката награда освојувајќи и 5 златни,1 сребрен и 3 бронзени медаљи,-има кисел вкус, бидејќи менаџметот на факултетот сам обезбедил повеќе од скромни финасиски сретства за да ги испрати студентите на престижниот натпревар каде не го претставуваа само факултетот, Охрид, туку Македонија.

Навистина ни е тешко да бараме сретства, да бараме донации за учество на нашите студенти и најчесто нема разбирање од институциите за учество на наши студенти на вакви натпревари.За наша несреќа во овој период и туристичкиот сектор е во таква состојба да не се во можност да ни дадат финансиска поддршка – вели проф. д-р Цветко Анфреевски – ФТУ.

Успехот на студентите говори дека факултетот за туризам станува препознатлив на гастономски план и дека може да го зголемо интересот за студирање и да продицира кадри кои потоа би останале во Охрид,а не со празен стомак да бараат работа во сранство. Попусти се силните инвестиции во инвентар кои чини половина милион евра,ако немате кадар. Од друга страна, не е лесно да ја напуштите државата,оти никогаш не знаете во какви услови ќе работите, дали соодветно ќе ве третираат далеку од дома,велат нашите соговорници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста