Фабрика од ТИРЗ – Штип, виновник за еколошката катастрофа во реката Брегалница

Пукнато црево од цистерна при дотур на хемикалии во склад е причина за вчерашнаа еколошката катастрофа во река Брегалница кај Штип, покажа увидот на инспекторот за животна средина. Какви хемикалии се испуштани и како ќе се одразат на биодиверзитетот на реката ќе покажат резултатите од земаните мостри.

Белата боја и неподносливата реа на лепк беа причина за вчера да се направат вонредни контроли на водата во Филтер станицата и бунарите од каде градот се снабдува со вода за пиење. Не се констатирани промени во хемискиот и бактерилошки состав. Сепак и во наредните три дена ќе се вршат вонредни контроли..

Загадувањето на реката започна вчера по 17 часот. Здружението за спортски риболов Брегалница го детектираше и каналот од кај што влегува белата течност во реката. Гнев и револт кај штипјани кои додека рекреираа беа сведоци на еколошката катстрофа. Бараат најостри казни за виновникот.

Ова не е прв пат да се испуштат хемикалии во водите на најголемата река во источниот регион. Пред две години Брегалница се обои во црна, сива и црвена боја. Инспекторите тогаш не можеа да го локализират виновникот, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на Македонка, кои се занимаваат со боење на ткаенини.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста