ФА ПОКРЕНУВА ИСТРАГА И ЌЕ ГО КАЗНУВА ПИКФОРД ЗА СТAРТОТ ВРЗ ВАН ДАЈК

Џордан Пикфорд најверојатно дополнително ќе заработи суспензија за стартот со кој го повреди Вирџил Ван Дајк во саботата во ливерпулското дерби. ФА покренала истрага за англискиот репрезенативен голман кој во тој дуел на Евертон и Ливерпул воопшто не беше санкциониран заради офсајд ситуација во која се најде Холанѓанецот. Дисциплинската комисија може да го казни Пикфорд, а ќе го разгледува и случајот со ВАР и со луѓето што работат на него, и тоа токму за споменатата ситуација. Инаку Ван Дајк сигурно оди на операција на коленото, а пред неа се заблагодари на поддршката и вети дека ќе се врати посилен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста