Ф-1 шампионатот се одвива во брз ритам

Кога по три месеци одложувања веќе започна, Ф-1 шампионатот се одвива во брз ритам, па веќе трет викенд следиме трки во централна Европа. Карванот вчера, денеска и утре е во Будимпешта на познатата Хунгароринг патека каде попладнево има квалификации, а за утре од 15 часот е закажан третиот натпревар во сезоната. На вчерашните официјални тренинзи најбрзи беа возачите и болидите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои водат во шампионатот, а и важат за фаворити во Унгарија.