Ф-1: Азербејџан, Сингапур и Јапонија се откажани, а Португалија може да ја замени Русија

Трите трки од Формула 1 кои претходно беа одложени, а станува збор за Големите награди на Азербејџан, Сингапур и Јапонија, и дефинитивно се откажани за оваа година-пишува промоторот Либерти Медија. Причина за оваа одлука е во временскиот теснец зошто на сите три организатори им се неопходни три месеци за подготовка на натпреварите, а сега веќе нема време за тоа. Во истовреме Португалија, односно патеката Алгавре е опција ако Русија ја откаже трката во Сочи која е закажана за 27 септември. Португалците добија лиценца во април и немаат проблеми со короната, за разлика од Русите каде вирусот не стивнува.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста