Европските граници за Македонија затворени – ќе ја крене ли барем Грција рампата ?

За Македонија остануваат спуштени рампите за патување во земјите на ЕУ, а со тоа, најверојатно остануваме непожелни и во Грција. Официјално падна одлуката на Советот на ЕУ каде се истакнува дека Македонија не ги исполнува епидемиолошките критериуми со алармантната бројка на новозаболени и починати од Ковид 19. За кој ќе го има последниот збор за влез на македонците во Грција прашавме во македонското МНР, од таму не препратија во грчката амбасада, а според македонските дописници во Грција последниот збор ќе го има ЕУ. Добредојдени во европските земји од Балканот ќе бидат само Србите и Црногорците. Меѓу нив се – Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Идеата за отворањето на границите со Грција без рестрикции,односно без корона тест и изолација на граѓаните не им се допаѓа, а за студениот туш од Брисел  за забрането патување во ЕУ, прстот го вперуваат во надлежните.

Сите одбиени држави, следната шанса ќе ја имаат за две недели кога ќе се ажурира листата а до кога земјите ќе мора да ја подобрат епидемиолошката слика.

Во меѓувреме, Келн, Бремен, Ларнака, Стокхолм се првите дестинации до кои утре ќе се лета од скопскиот аеродром. По три месеци пауза, утре аеродромите во земјава ќе ги отворат  вратите. Првите авиони од Скопје ќе полетаат во шест часот наутро, а првите патници кои ќе притигнат во земјавата ќе бидат од Истанбул.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста