Иницијатива „Култура без тортура“ за разрешување на директорот на театарот во Штип

По струмичките и штипските актери почнаа иницијатива за да го искажат револтот за ситуацијата во која се наоѓа нивната матична куќа. Со слоганот „Култура без тортура„ под кој се потпишани поголем дел од  актерите, драматурзи , режисери, административци  вработени во НУЦК„Ацо Шопов„,  бараат од министерката  под итно да го разреши сегашниот директор . Во соопштението кое го доставија, пишуват дека се постојано  изложени на деградација,повишени тонови и психичко малтретирање од страна на нивниот претпоставен. За првиот човек на Центарот за култура „Ацо Шопов„ваквите обвинувања се лага и шпекулации. Според него  тензичната ситуација е резултат поради тоа што  дел од вработените не сакале да си ги извршат работните задачи.

  „Секој вработен си има должност кои со рокови мора да ги спроведеме. Јас не знам дали извршувањето на работните задачи значи тортура или малтретирање. Тоа значи дека одредени работи треба да ги извршуваме и да ги спроведеме во конкретен рок, за да можеме да и спроведеме програмските активности-изјави Горан Трајков, директор на НУЦК„Ацо Шопов„.

За случајот се запознати и од Синдикатот за културни работници. Пред извесен период направена е и неформална средба со директорот, со цел да се надминат тензиите. Синдикалецот Самоил Стоилковски кој бил на средбата за Алфа вели, дека ситуацијата во  театарот е сложена. Според него причината не треба да се бара во вработените, туку во раководното лице .

 „Самата професија бара една посветеност која изискува мир и систематска работа . Си има свој технологии, а човекот што раководи со институцијата не го дозволува тоа. ПОстојано се меша во креативните аспекти на режисери, драматурзи, Самиот инсистира да прави поделби, да одлучува кој да игра, кој не, што е недозволиво во било која културна дејност„-изјави Самоил Стоилковски од –СКР.

И од ресорното министерство се во тек со случувањата. Од таму велат дека е разговарано  со сите засегнати страни и по официјално завршување на изборниот процес министерката Стефоска ќе излезе со своја одлука.

 Превривањето во оваа културна институција трае подолго време. Еден актер доби иотказно решение, кое поради избоите е стопирано, а пред неколку дена дел од актерите и директорот завршија во полициска станица.  Од СКР велат дека во неколку институции ширум државата на раководни места се поставени несоодветни лица. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста