Европскиот суд за човекови права како да не постои за Бугарија

Бугарија има обврска да ги спроведува пресудите донесени од Европскиот суд за човекови права, порача во Скопје претседателот на судот во Стразбур, Роберт Спано. Проблем е што Бугарија не ја исполнува оваа своја обврска, кога се во прашање пресудите кои македонски граѓани ги имаат добиено против официјална Софија. Спано потенцираше дека секоја земја членка на Советот на Европа е обврзана со конвенција да ги спроведува пресудите на Судот во Стразбур.

  • Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките во духот на конвенцијата. Таа обврска е недвојбена. Јасна е општата изјава која сакам да ја дадам по однос на тоа прашање, меѓутоа не е моја работа да коментирам конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји рече РОБЕРТ СПАНО- претседател на Европскиот суд за човекови права.

Сепак, проблем e што Бугарија не ги спроведува, барем кога тужбите доаѓаат од македонска страна. Спано вели судот каде тој е шеф, нема механизам како да натера одредена држава да спроведе пресуда. Вели тоа е во рацете на Комитетот на министри на Европската унија.

  • Следењето на спроведувањето на одлуките дали оди преку националните закони или преку тоа следење дали државата ја платила отштетата или компензацијата, тоа го следи Комитетот на министри. Самиот суд нема извршна моќ, нема извршно овластување да го следи спроведувањето на своите пресуди изјави РОБЕРТ СПАНО- претседател на Европскиот суд за човекови права.

Македонците во Бугарија имаат добиено 16 тужби против источниот сосед, но ниту една од нив не е спроведена од официјална Софија. Последниот случај е Здружението на Македонци „Македонски клуб за етничка  толеранција во Бугарија“, кои се жалеа дека државата не сака да ги регистрира. Ист проблем има и ОМО  Илинден – Пирин, организација која и покрај неколку добиени пресуди во судот за човекови права не може да се регистрира како партија на Македонците и да учествува на избори.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста