Европската Унија ја одобри реформската агенда за Планот за раст на Македонија
Европската унија го одобри планот за раст на Западен Балкан. Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово ќе поделат 6 милијарди евра кои ќе бидат наменети за развој на регионот. Потегот на официјален Брисел со кој државава добива на располагање неповратни грантови во износ од 750 милиони евра е своевидна потврда дека реформите кои се спроведуваат даваат резултат.
Еден од клучните фактори за спроведување на оваа реформа од страна на Европската Унија е Унгарија која како земја претседател дава максимална поддршка за развој регионов.
,,Ова го трасира патот на предфинансирање да започне за време на унагарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграција на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство,, стои во соопштението на унгарското претседателство.
Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на Еу, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за период од 2024-2027 година, од кои првите 7% односно 52,5 милиони евра државава треба да ги добие најдоцна до крајот на годинава.
Планот за развој кој го одобри Советот на Европската Унија во Март годинава ќе биде наменет за спроведување на реформи и развој на регионов.
Даниел Ѓорѓевски