Европратеници бараат мониторинг на случајот Камчев

Четворица пратеници на Европскиот Парламент покренуваат прашања до Европската Комисија во врска со незаконскиот притвор на македонскиот бизнисмен Јордан Камчев и континуираното кршење на неговите основни човекови права. Пернил Вејс, Иван Штефанец, Петер Полак и Карен Мелчиор прашуваат како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската унија за  Македонија доколку постои контиунирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.

Европратениците поставуваат и конкретни прашања пред Европската Комисија за случајот против Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животозагрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест. Постапката, велат европратениците, укажува на незаконски контекст од белешка од тајната служба до потенцијално пристрасен одговорен обвинител. Исто така го наведуваат продолжувањето  на притворот дури 8 пати по 30 дена како и злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија. Дополнително, за нив, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор.

Во прашалникот до Европската Комисија овие четворица пратеници бараат мониторинг на случајот против Јордан камчев преку делегацијата на ЕУ во Скопје и бараат конкретни одговори на прашањата во однос на тоа како Комисијата планира да ја насочи поддршката на ЕУ за Македонија со цел да се елиминира повторно кршење на човековите права.

На кој начин Комисијата ќе го поддржи унапредувањето на полициските методи во Македонија со оглед на доказите за расистички мотивирана полициска бруталност? Дали Комисијата ќе ја следи постапката на г-дин Камчев од страна на делегацијата на Европската Унија во Скопје и ќе ги повика властите во Северна Македонија целосно да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права?“, прашуваат европратениците.

Случајот Камчев ја доби меѓународното внимание уште кога во притворот во Шутка го посети поранешнито еврокомесар Јан Фигел, а македонскиот бизнисмен беше посетен и од бугарски претставници кои исто како и Фигел упатија низа критики кон кон надлежните во државата за однесувањето кон притворениците.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста