Европол открива завера за атентат на Вучиќ – Во фокусот Звицер кој имал и македонски пасош

Осуетениот план за атентат на срспкиот претседател Александар Вучиќ за кој алармира Еуропол ја крена на нозе српската но и македонската јавност. Европската полиција алармила дека организирана криминална група подготвувала атентат врз Вучиќ, кој требал да се изврши во првите недели на февруари. Европол ги известил српските служби дека зад операцијата стојат лица од т.н. Кавачки клан кој оперира од Црна Гора. Веста ја обелодени српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин: Главниот лик и мозокот на операцијата за атентатот на Вучиќ бил Радоје Звицер, познат криминалец кој веќе се товари за организирање и нарачување на десетици убиства во Црна Гора но и во странство. Станува збор за лице за кое македонската опозиција уште лани обелодени дека бил дел од стотиците криминалчци кои оперирале низ регионот и светот со македонски пасоши кои ги добиле нелегално.

Српската премиерка Брнабиќ откри дека ова не е прва закана по животот на Вучиќ. Конкретно за Звицер, смета дека е лик зад кој што стои некој многу поголем играч:  

Дали е на чело на таа криминална организација, не знам, се сомневам, мислам дека има некој што е над Звицер, а кој е тој, истрагата ќе утврди. За мене тоа е споредно, примарно е да се спречи и да се заштити животот на претседателот“, посочи српската премиерка.

Радоје Звицер е актуелен во Македонија уште од лани, кога опозицијата го обелодени скандалот со над 200 факлсификувани пасоши кои биле доделени на криминалци и нарко босови во регионот и пошироко. Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека аферата се уште не е во целост разрешена и во затвор биле само ситни риби, а не високи функционери во власта. Од МВР реагираат дека ВМРО ДПМНЕ ширела дезинформации. Трвдат дека на Звицер не му издале пасош, а за аферата дека била судски расчистена, виновницте осусдени, а сите фалсификувани патни исправи поништени.

Викторија Миткова

Advertisements