Европа мобилизира, во сила поригорозни мерки

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирус во Европа се зголемија за 44 отсто за една недела. Голем број држави продолжуваат да ги засилуваат мерките по преминувањето на прагот на 250.000 смртни случаи на стариот континент.

Во Словенија од денеска е на сила полициски час.  Од 21 часот до 6 часот наутро граѓаните ќе мора да останат дома. Тамошната влада одлучи и да го намали бројот на лица кои може да групираат и наместо 10 како што беше досега, сега ќе може да се собираат максимум шест лица, забранети се сите јавни настани, верски церемонии и свадби низ целата земја.


Километарска колона за тестирање во Хрватска. Тестирањето се спроведуваат секој работен ден од 8 до 14 часот а најголемите гужви се во претпладневните часови.

Улиците во вечерните часови се празни и во најголемите француски градови, како и во Белгија и во Холандија бидејќи ги затворија баровите, рестораните и воведоа полициски час. И покрај тоа, Белгиските власти стравуваат дека  многу наскоро земјата би можела да биде преплавена на заразени  со Ковид-19, а бројот на позитивни случаи вртоглаво расте.

Ирска воведува најстроги мерки во Европа. Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот, кое ќе трае шест недели.

Нивото на ограничувања поврзани со Ковид-19 се зголемува од сегашното 2 на највисоко ниво- 5, во обид да се бориме против вирусот, го воведовме веројатно најстрогиот европски режим“,  потврди Мартин.

Од вечерва на полноќ, затворање на продавниците за малопродажба, освен за основните потреби, ограничување на патувањето на граѓаните на пет километри од нивните домови, а рестораните и пабовите ќе можат да работат само со испорака. Училиштата ќе останат отворени, а градежните работи ќе продолжат. Хотелите можат да останат отворени, но само со нужниот персонал.

И во Австрија нови мерки од петок дозволено да се соберат максимум шест лица во затворено и дванаесет на отворено, a угостителските објекти не смеат да примат повеќе од  50 гости. Исто така, покрај сегашните мерки за носење маска, одржување дистанца и хигиенски правила, важат и построги концепти во институциите каде што престојуваат чувствителни групи на население, како што се домовите за стари лица.

Австриските власти не ја исклучуваат можноста и за ставање клуч на сите институции па дури и воведување полициски час.

Италијанската Влада се согласи на барањето од регионот Ломбардија, кој беше силно погоден од епидемијата на, да воведе дополнителни ограничувања за борба против новиот бран зараза.

Велс ќе воведе двонеделен карантин за сите  освен неопходните работници. Мерката стапува на сила во петок и ќе трае до 9 ноември. Трговски мрежи, угостители, туристички бизниси и верски институции ќе мора да стават клуч на врата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста