Еврометар: Граѓаните најмалку им веруваат на судството и обвинителството

Судовите и обвинителството остануваат на дното на табелата институции кои уживаат најниска доверба кај граѓаните, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за европски стратегии Евротинк спроведено во месец февруари.  По нив на македонската влада заедно со Собранието и Претседателот им веруваат одвај 22 % и 25%.

И покрај ветото од Бугарија и немањето вакцини според последниот Еврометар македонските граѓани сепак остануваат силни поддржувачи  на ЕУ. Високи 70,8% од испитаниците сметаат дека членството би била добра и корисна работа. Сепак голем е бројот на оние кои имаат негативно мислење за односот на Унијата кон Македонија или 47,4 отсто сметаат дека е надмен и уценувачки.

Сериозна закана за македонските евроинтеграции според испитаниците или 31,5% од вкупниот број Македонци е една држава, а дури 51 отсто одговориле дека тоа е Бугарија. На прашалникот само 22% сметаат дека работите во државата се движат во добра насока.

Испитувањето било направено од Агенцијата Индаго преку телефонска анкета во периодот од 4 – 15 февруари 2021 година на репрезентативен примерок од 1015 испитаници.

Ивана Соколовиќ Најдова

Advertisements